За првпат досега, Охрид ќе биде домаќин на првиот Red Bull Педалинка настан во светот!
Овој уникатен спортски натпревар ги комбинира адреналинот, тимскиот дух и креативноста во една уникатна трка со педалинки. Во оваа возбудлива трка, тимови од четворица (каде барем еден е од спротивен пол) ќе се натпреваруваат преку пет елиминациски рунди за тимски да стигнат до победа. Патеката по која ќе се движат тимовите е долга 200 метри и е поделена во два сегменти од по 100 метри.
Оваа трка не е само предизвик за најбрзите – Red Bull Педалинка е и предизвик за тимскиот дух, бидејќи двајца од тимот напред возат на педалите од педалинката, а останатите двајца позади со весла веслаат на колена.
Крајниот победник на Red Bull Педалинка е оној тим кој ќе победи на последната трка.
Освен наградите за прво, второ и трето место, уникатен момент на Red Bull Педалинка е тоа што тимовите ќе имаат можност тимски да се маскираат по сопствен избор, а најдобрата тимска маска (според гласовите на стручното жири) ќе биде наградена.
Red Bull Педалинка ќе се случи во Охрид, на Кеј Македонија, старо пристаниште со почеток во 15 часот, како дел од програмата на овогодинешното издание на Ohrid Water Festival.
Ги повикуваме сите ентузијасти на водните спортови да се приклучат и да се подготват за уникатна трка и добра забава!
За повеќе информации околу пријавувањата, наградите и правилата на настанот, проверете на redbull.com/pedalinka.