Во Охрид е приведено лице осомничено дека предизвикало пожар на глисер во сопственост на неговиот брат, соопшти Министерството за внатрешни работи. Пламенот од пловилото се проширил и зафатил дел од станбена зграда, како и едно патничко возило.
Лицето, со иницијали З.С., било задржано во полициска станица и во разговор со службените лица признало дека стои зад настанот. Од МВР информираат дека против него ќе биде поднесена кривична пријава по целосно документирање на случајот.