Во Шропшир е прогласена вонредна состојба откако во канал се отвори огромна дупка, опишана од полицијата како понор. Два брода паднаа во отворот, додека уште два опасно висат на самиот раб. Исто така, постои страв од поплави во околното подрачје, пишува Би-Би-Си .
Фотографиите од местото на настанот во Витчерч го покажуваат целосното уривање на дел од водниот пат. Водата се чини дека целосно се исцедила од настанатата дупка, а два брода со тесен труп потонале, додека два други останале заглавени на работ на пропастот.
Противпожарната и спасувачка служба на Шропшир потврди дека се случило свлечиште и дека е зафатен канал. Полицијата од Западна Мерсија не пријави повредени и ги повика граѓаните да ја избегнуваат областа и да користат алтернативни патишта. Противпожарните екипи, исто така, им даваат поддршка на луѓето на другите делови од блискиот воден пат.
Граѓаните помислија дека е земјотрес.
Фондацијата за канали и реки го опиша инцидентот како пробив на каналот, нагласувајќи дека безбедноста на сопствениците на чамци и сите во близина е приоритет. „Спроведуваме првични истраги за можната причина и ќе дадеме повеќе детали навреме“, се вели во соопштението.
A 50m sinkhole has opened beneath the Whitchurch canal in Shropshire, swallowing narrowboats and forcing more than 10 people to be rescued.
— BPI News (@BPINewsOrg) December 22, 2025
A major incident is declared as crews battle unstable ground and rushing water. #Whitchurch #Shropshire pic.twitter.com/02PIZzlen2
Тие исто така најавија дека ќе се обидат што поскоро да го вратат нормалното ниво на водата од двете страни на дупката и да им обезбедат поддршка на погодените. Локалниот советник во Витчерч, Енди Хол, за Би-Би-Си изјави дека инцидентот се случил околу 5 часот наутро. „Два брода на дното од бездната паднаа, а два брода се балансираат на работ и би можеле да паднат во секој момент“, рече тој, додавајќи дека пожарникарите ќе ги обезбедат бродовите.
Хол ги пренесе и впечатоците на мештаните: „Мислеа дека е земјотрес“. Тој објасни како огромна количина вода се излеала во блиското поле. „Десното поле веројатно носел околу три милиони литри вода од каналот“, рече тој.