Огромна аномалија во гравитациското поле на Земјата открива поместувања длабоко под површината

Во 2007 година над источниот Атлантски океан била забележана невообичаена аномалија во гравитациското поле на Земјата – феномен со континентални размери, невидлив за луѓето на површината, но регистриран од сателити.
High altitude view of the Earth from space, blue planet with white clouds and deep black space. Elements of this image furnished by NASA. /urls: https://images.nasa.gov/details-iss047e137096.html, https://images.nasa.gov/details-GSFC_20171208_Archive_e000127.html, https://images.nasa.gov/details-iss013e78960.html, https://images.nasa.gov/details-iss040e088891.html /

Новата анализа на податоците сугерира дека причината се крие длабоко во внатрешноста на планетата, на околу 3.000 километри под површината, блиску до границата меѓу јадрото и плаштот.

Аномалијата била откриена од мисијата GRACE – заеднички проект на германскиот DLR и НАСА, чиј пар сателити од 2002 до 2017 година ја мапираа распределбата на маса на Земјата преку промени во гравитацијата.

Истражувачкиот тим предводен од геофизичарката Шарлот Гоњ Гурантон од Универзитетот „Париз Сити“ открил суптилен, но огромен сигнал: појас со засилена гравитација веднаш до регион со ослабена, кој се протегал на околу 7.000 километри. Овој „гравитациски дипол“ не можел да се објасни со површински процеси, како движење на подземни води или топење на глечери, бидејќи би биле потребни нереално големи количини вода за да се создаде такво влијание.

Научниците претпоставуваат дека се работи за фазна промена на минералот бридгманит, кој под екстремен притисок и температура ја менува својата структура и густина. Оваа промена може брзо да ја прераспредели масата во длабочината и да предизвика нагли поместувања во гравитациското поле.

Дополнителна интрига е што истовремено со гравитациската аномалија била забележана нагла промена во магнетното поле на Земјата, што исто така укажува на процеси во близина на течната надворешна јадра.

Иако хипотезата сè уште не е потврдена, резултатите отвораат нови прашања за динамиката на Земјината внатрешност. Колку често се случуваат вакви масовни прераспределби и какво значење имаат за долгорочната стабилност на планетата, останува да се истражува.

Студијата е објавена во списанието Geophysical Research Letters.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни