Студијата на лабораторијата Амбикон при Универзитетот Гоце Делчев од Штип покажа:

Огревното дрво е најголемиот извор на загадување на воздухот во земјава

Во резултатите добиени врз основа на едногодишен мониторинг и анализа на повеќе од 1000 примероци во сите пет општини, со својот интензитет како најголем извор се издвојува согорувањето на биомаса (дрва) за греење, следено од сообраќајот и минералната прашина, кои имаат значително поголем удел во текот на летните месеци. Во повеќето општини, палењето на стрништата и други отпадни материјали на отворено или во импровизирани котли, имаат исто така значително учество во вкупното загадување. Сепак, согорувањето на дрва, но и отпадни материи во релативно неефикасните и стари печки/котли во текот на зимските месеци, е веројатно главниот извор кој може да се поврзе со појавата на епизодите на екстремно загадување.

Најголемиот извор на загадување на воздухот потекнува од огревното дрво, покажаа резултатите од истражувањето на изворите во пет општини – Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.

Сепак, значителни разлики постојат помеѓу општините и тие треба да бидат земени предвид при креирање мерки и политики за унапредување на квалитетот на воздухот, укажуваат заклучоците од студијата изработена од лабораторијата Амбикон при Универзитетот Гоце Делчев од Штип. Лабораторијата под водство на проф. Дејан Мираковски, ја изготви студии за утврдување на уделите на изворите на загадување на воздухот во урбаните средини на општините Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.

„Во резултатите добиени врз основа на едногодишен мониторинг и анализа на повеќе од 1000 примероци во сите пет општини, со својот интензитет како најголем извор се издвојува согорувањето на биомаса (дрва) за греење, следено од сообраќајот и минералната прашина, кои имаат значително поголем удел во текот на летните месеци. Во повеќето општини, палењето на стрништата и други отпадни материјали на отворено или во импровизирани котли, имаат исто така значително учество во вкупното загадување. Сепак, согорувањето на дрва, но и отпадни материи во релативно неефикасните и стари печки/котли во текот на зимските месеци, е веројатно главниот извор кој може да се поврзе со појавата на епизодите на екстремно загадување.“ изјави проф. Мираковски, кој ја презентираше состојбата за секоја општина одделно.

На настанот, кој симболично се одржа еден ден пред почеток на грејната сезона, се презентираа резултатите од истражувањето, како и можните решенија за справување со загадувањето на воздухот. Настанот го отвори првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити кој изјави дека „Овој проект служи како пример за тоа како можеме да преминеме од идентификување на изворите на загадување до преземање конкретни чекори за нивно решавање.

Според Постојаниот претставник на програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, Армен Григорјан загадувањето на воздухот е значаен предизвик за земјата. Затоа УНДП со финансиска поддршка на Шведска интензивно работи на изнаоѓање соодветни решенија. „Во соработка со бројни институции и организации, ги споивме науката, знаењето, институционалната поддршка, визијата и оптимизмот. Во 2020 година за прв пат во Северна Македонија спроведовме сеопфатен циклус на истражувања. Користејќи модерна опрема финансирана од Шведска специјално за оваа намена, собраните материјали беа анализирани и беше изработена првата студија за распределба на извори во земјата од ваков вид. Оваа година, истражувањето беше спроведено во пет општини и резултатите ќе ги водат нашите идни напори за подобрување на квалитетот на воздухот.“ изјави Григорјан.

Амбасадорката на Шведска, НЕ г-а Ами Ларсон Џеин ги опиша висококвалитетните, научно засновани податоци како „’рбетен столб врз кој почива ефективното креирање на политики“, особено во контекстот на еден комплексен проблем како загадувањето на воздухот. Поздравувајќи ја одличната студија предводена од страна на професорот Мираковски, таа потенцираше дека ова претставува само првото скалило кон надминувањето на овој итен предизвик. Таа ја искористи приликата да ги поздрави и заложбите на петте пилот општини кон кофинансирање на следниот чекор – спроведување на мерки за борба против загадувањето на воздухот, и ја истакна континуираната поддршка на Шведска во борбата на Република Северна Македонија со еколошките предизвици.

На втората панел дискусија градоначалниците на Куманово – Максим Димитриевски, Струмица – Костадин Костадинов, Кавадарци – Митко Јанчев, Гостивар – Валбон Лимани и претедателката на Советот на општина Струмица – Абреша Влаши говореа за конретните напори кои ги прават за унапредување на квалитетот на воздухот, но и за идните планови на општините во таа насока.

Во рамки на проектот на УНДП за справување со загадувањето на воздухот ќе бидат спроведени и конкретни инфраструктурни и технички мерки, кои ќе  се дефинираат преку форуми на заедниците, со активно вклучување на граѓаните во носењето одлуки. Овие мерки ќе бидат кофинансирани од самите општини.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни