Од таму велат дека рокот за пријавување ќе трае 10 дена. Понатамошните фази од постапката ќе се спроведат согласно роковите и процедурите утврдени во член 12 оде Закокнот за спречување на корупцита и судирот на интереси.
Поранешната претседателка на ДКСК, Билјана Иванова, во интервју за меидумите вечерва не ја исклучи можноста дека Собранието ќе нема време да ја закаже седницата за избор на нов претседател на Антикорупциската комисија, бидејќи ќе се совпадне со рокот за распишување на локалните избори.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на последниот брифинг со новинарите рече дека локалните избори ќе ги распише во првата половина на август, за да ги запази изборните рокови
Кандидатите за претседател на ДКСК треба да се државјани на Mакедонија, да имаат завршено високо образование, да се деловно способни, да имаат најмалку 10 години искуство, од кои најмалку осум во областите на откривање или спречување на корупцијата, а воедно и да не им е изречена забрана за врешење на професија и во последните 10 години да не биле пратеници.
Инаку поранешната претедателка на антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, обвинителството ја гони по два основи, за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Првично, Димитровска стана дел од осомничените во случајот „Адетив“ кој се однесува на набавка на адетиви за ТЕЦ Неготино и за ЕСМ. Веднаш потоа таа остана и без пасош, а согласно мерките за претпазливост и не смееше да ги врши работни активности во антикорупциска.