Со почетокот на летната сезона, базените повторно стануваат популарни за разладување и дружење. Иако сè повеќе базени користат морска вода, многу сè уште се третираат со хлор – хемикалија што може да биде штетна за очите.
Според Катаронскиот институт за мрежница, изложеноста на хлорирана вода може да доведе до синдром на суво око, каде што се нарушува природниот слој на солзи и се намалува нивната квалитет или количина.
Клиниката Пастер предупредува и на честа појава на конјунктивитис – воспаление на слузницата на окото, што предизвикува црвенило, чешање и обилно солзење.
Дополнителен ризик се и микроорганизмите кои можат да преживеат дури и во хлорирана вода. Американската академија за офталмологија предупредува дека овие микроорганизми можат да предизвикаат инфекции, а поретко и кератитис – воспаление на рожницата, кое може да доведе до заматен вид.
Препораки од офталмолози:
- Секогаш носете очила за пливање – тие создаваат заштитна бариера од хемикалии и бактерии.
- Исплакнете ги очите со чиста вода по капење.
- Не носете контактни леќи во базен – тие можат да заробат бактерии и да предизвикаат инфекции.
- Ако почувствувате црвенило, болка или иритираност, консултирајте се со офталмолог веднаш.