Оформено координативно тело за одбележување на 80 годишнината од кодификацијата на македонскиот литературен јазик

Преку настани, изложби, конференции, публикации и други културни активности ќе се истакне значењето на македонскиот јазик како носител на културната и националната меморија

Со денешната, прва конститутивна седница, координативното тело ги започна подготовките за одбележување на еден многу важен и значаен јубилеј за нашата земја и за нашиот народ.

„Конституирањето на ова координативно тело е многу важен чекор за организирање на сите активности што ќе го одбележат овој значаен јубилеј. Со вашата експертиза, посветеност и соработка, сигурен сум дека ќе создадеме програма којашто ќе ја истакне важноста на македонскиот литературен јазик, ќе го прослави неговото наследство и ќе ја промовира неговата современа употреба“, рече министерот за култура Зоран Љутков.

„Како министер за култура, сметам дека овој јубилеј не е само повод за славење на минатото, туку и важен момент за размена на идеи за иднината на македонскиот литературен јазик. Во текот на овие 80 години, нашиот јазик се развива и осовременува, а ние, како носители на културната политика, имаме одговорност да го негуваме, да го штитиме и да го пренесуваме на идните генерации“, додаде Љутков.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни