Со денешната, прва конститутивна седница, координативното тело ги започна подготовките за одбележување на еден многу важен и значаен јубилеј за нашата земја и за нашиот народ.
„Конституирањето на ова координативно тело е многу важен чекор за организирање на сите активности што ќе го одбележат овој значаен јубилеј. Со вашата експертиза, посветеност и соработка, сигурен сум дека ќе создадеме програма којашто ќе ја истакне важноста на македонскиот литературен јазик, ќе го прослави неговото наследство и ќе ја промовира неговата современа употреба“, рече министерот за култура Зоран Љутков.
![](https://trn.mk/wp-content/uploads/2025/02/1000046712-1024x683.jpg)
„Како министер за култура, сметам дека овој јубилеј не е само повод за славење на минатото, туку и важен момент за размена на идеи за иднината на македонскиот литературен јазик. Во текот на овие 80 години, нашиот јазик се развива и осовременува, а ние, како носители на културната политика, имаме одговорност да го негуваме, да го штитиме и да го пренесуваме на идните генерации“, додаде Љутков.