Официјално започна Програмата за биолошка разновидност и отпорност на екосистемите (БРОЕ)

Со моќни пораки, плодни дискусии и присуство на претставници од најрелевантните институции и засегнати страни, се означи стартот на Програма за биолошка разновидност и отпорност на екосистемите којa треба да придонесе кон унапредување на заштитата на природата, зголемување на отпорноста кон климатските промени и создавање нови можности за развој на локалните заедници во Брегалничкиот регион.

Настанот го отвори Амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во земјава, Кристоф Зомер, а присутни беа претставници на Владата, на повеќе државни институции, претставници на граѓански организации како и истакнати регионални гости, позиционирајќи го настанот како заедничка платформа за поодржлива и поотпорна природа. 

Амбасадорот Зомер, во своето обраќање пред присутните, ја нагласи улогата наАмбасадата во зачувувањето на интегритетот и функционалноста на екосистемите, какоклучен предуслов за градење отпорност кон климатските промени.

„Зачувувањето на биодиверзитетот, а со тоа и обновувањето на екосистемите бара активности на локално, регионално и глобално ниво. Токму затоа Швајцарија е активно вклучена во меѓународните напори за зачувување на биодиверзитетот. Заштитата на животната средина, а особено зачувувањето на извонредниот биодиверзитет и уникатните екосистеми на Северна Македонија, се во сржта на нашата долгогодишна соработка уште од самиот почеток. Биодиверзитетот и здравите екосистеми се од суштинско значење за сите нас и само со заедничка работа можеме да успееме да ги зачуваме и заштитиме за идните генерации, истакна Амбасадорот. 

Даме Димитровски, Примарно лице за контакт со Зелениот климатски фонд и Претседател на Советот на град Скопје, истакна дека овој настан е вистинско место за плодна дебата како за овој така и за следни проекти.

„Оваа програма е една од позначајните кои владата ги следи со голем интерес. Кога зборувам за изборот на партнери сакам  пред се да ја потенцирам Швајцарската влада која 30 години ги помага овие проекти во нашата држава, особено оние за кои не можеме сами да најдеме финансирање. Имплементаторите на проектот се со докажано искуство во реализацијата  на вакви проекти. Тие покажуваат ентузијазам за понатамошна соработка и се радувам на долгогодишното партнерство кое го имаат со донаторот. Владините институции и јас како нивен претставник сум тука за да овозможиме ваквите проекти да бидат дел од оние проекти за кои државата  и понатаму ќе работи на нивно одржување.  Ви посакувам видлив проект со кој сите ќе се гордееме, а особено граѓаните, потенцираше Димитровски. 

Како што истакна Тим лидерка на Програмата, Марјана Шушлевска, Програмата ќе се фокусира на одржливо управување со заштитените подрачја Осогово и Малешево,  спроведување на мерки за обновување на пределите како и зајакнување на капацитетите на национално и локално ниво и подигање на јавната свест. Програмата започнува со едногодишна подготвителна фаза, која ќе опфати изработка на програмски документ со вклученост на сите релевантни чинители, по што ќе започне имплементацијата на првата фаза од програмата.“

Регионалниот менаџер на проектниот партнер Helvetas, Анастасија Бекиш ја истакна долгогодишната успешна соработка со Фармахем и се осврна на нивната улога во програмата, како и на експертите кои ќе бидат вклучениво спроведувањето на поединечни програмски компоненти. . 

„Ова не е наш прв заеднички проект и затоа ни е мило што повторно ќе работиме заедно. За нас оваа тема е доста приоритетна и затоа се радуваме што имаме можност да продолжиме да работиме во Северна Македонија. Алтернативните ресурси за финансирање како што е филантропијата треба да ни се во фокусот за активности кои се поврзани со биодверзитетот – рече Бекиш.  

Настанот се заокружи со дискусија и коментари од учесниците со кои ја поздравија програмата, а посебно Амбасадата која ги препознава потребите во нашата држава и  финансиски подржува вакви проекти. Присутните од институциите и организациите се надеваат на добра соработка, посебно на обезбедување одржливост на заштитените подрачја Осогово и Малешево. 

Програмата е поддржана од Владата на Швајцарија и се спроведува преку конзорциум предводен од Фармахем, во партнерство со Helvetas и Македонско еколошко друштво ангажирано како подизведувач.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни