Официјално прогласена најнездравата намирница на светот – кај нас е многу популарна

Се испоставило дека чипсот е најлошото што можете да го внесете во своето тело, првенствено затоа што содржи многу сол, вештачки бои и многу малку влакна. Накратко – во чипсот скоро и да нема ништо здраво, а нездраво има на премногу

Сите понекогаш посакуваме парче торта, крофна, чипс, пуканки и други грицки и тоа не е проблем. Меѓутоа, проблем е ако таа желба стане честа, особено затоа што една од нив е прогласена за официјално најнездравата намирница на светот.

Здравата исхрана не е само тренд за кој слушаме сè почесто последниве години, туку е пат за долг и квалитетен живот. И домашните и светски експерти редовно даваат совети за тоа што треба да јадеме и пиеме. Меѓу тие совети се издвојува листата на 100 официјално најнездрави намирници на планетата, која ја објави порталот EatThis.

На прво место е – чипс.

Се испоставило дека чипсот е најлошото што можете да го внесете во своето тело, првенствено затоа што содржи многу сол, вештачки бои и многу малку влакна.

Накратко – во чипсот скоро и да нема ништо здраво, а нездраво има на премногу.

Тоа е ултрапреработена намирница која нанесува штета на телото, посебно на срцето и крвните садови бидејќи го зголемува нивото на холестерол, а при тоа не нè заситува. Се испоставува дека некои брендови во својот чипс додаваат адитиви за кои стручњаците велат дека можат да бидат канцерогени.

Кај нас чипсот е многу популарен, и тоа особено кај помладата популација.

Покрај тоа, се испостави дека негативните последици не се видливи веднаш, туку се појавуваат по неколку месеци, бидејќи истражувањата покажуваат дека нездравата храна негативно влијае на крвните садови.

Затоа, ако често јадете чипс или слични грицки, размислете за добри алтернативи. Кога ќе почувствувате желба за грицкање, земете малку ореви, бадеми, лешници, семки од тиква или овошје како банана или портокал.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни