Официјално отворен најголемиот пловечки парк на ветерни електрани

Во Норвешка официјално е отворена најголемата пловечка офшор фарма на ветер во светот. Првата пловечка ветерна централа ќе ги снабдува платформите за нафта и гас со електрична енергија и на тој начин ќе придонесе за намалување на емисиите на штетни гасови од нив.

Се проценува дека со моќност од 88 мегавати ќе обезбеди 35 отсто од потребната електрична енергија за петте платформи Snorre A и B и Gullfaks A, B и C, пренесуваат светските медиуми.

На овој начин годишните емисии на јаглерод диоксид треба да се намалат за 200.000 тони.

Ветерниот парк се состои од 11 турбини на ветер, кои се поставени на пловечки платформи закотвени на околу 140 километри од брегот, на длабочини меѓу 260 и 300 метри.

Со цел да се постигне зацртаната цел од нула отпад од јаглерод диоксид до 2050 година, Норвешка се обврза да воспостави 30 GW офшор ветерна енергија до 2040 година.

Извор: energetskiportal.rs

Најново

Последни колумни