Нејзиниот профил, кој го следеа повеќе од два милиона луѓе, беше меѓу највлијателните во регионот. Сепак, последните месеци Карлеуша преку него отворено ги напаѓаше студентите кои протестираат на улиците барајќи исполнување на нивните барања, а нејзините објави често беа проследени со говор на омраза.
Instagram засега не излезе со официјално соопштение за причините за бришењето на нејзиниот профил.