Официјално: САД намалува 90 отсто од странската помош на USAID

Како што се вели во еден судски документ, државниот секретар на САД, Марко Рубио, од кого зависи USAID, по разгледувањето на програмите од страна на неговите служби, одлучил целосно да ја укине речиси 5.800 програми за финансирање што ги одобриле агенцијата низ светот и да задржи нешто малку повеќе од 500.

Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп соопшти дека ќе „елиминира“ повеќе од 90 отсто од договорите за странска помош на Американската агенција за меѓународен развој (USAID), што се однесува на 60 милијарди долари вкупна американска помош низ целиот свет, пренесува агенцијата Асошиејтед Прес (АП).

Во соопштението се конкретно изразени одлуките на новата администрација за елиминирање на најголемиот дел од американската развојна и хуманитарна помош во странство. Објавените резови покажуваат дека ќе останат многу малку проекти на USAID.

Администрацијата на Трамп ги изложила плановите во внатрешен допис до кој имала пристап агенцијата AП и во поднесоците упатени вчера во една од федералните тужби против овие мерки.

Врховниот суд интервенирал доцна во средата и привремено го блокирал судското наредување со кое се бараше ослободување на повеќе милијарди долари странска помош до полноќ, пишува AP.

Вчерашните дописи даваат претстава за обемот во кој новата администрација на САД ја намалува странската развојна помош и отстапува од повеќе деценискиte политики на САД според кои странската помош ги поддржува американските интереси преку стабилизирање на други земји и економии и градење сојузи.

Во дописот се вели дека се расчистува со расфрлањето на парите и дека се планираат дополнителни измени во тоа како USAID и Стејт департментот ќе ја обезбедуваат странската помош на начин кој „паметно ќе ги користи доларите на даночните обврзници и ќе ги унапреди американските интереси“.

Како што се вели во еден судски документ, државниот секретар на САД, Марко Рубио, од кого зависи USAID, по разгледувањето на програмите од страна на неговите служби, одлучил целосно да ја укине речиси 5.800 програми за финансирање што ги одобриле агенцијата низ светот и да задржи нешто малку повеќе од 500, пренесува агенцијата AП.

Покрај тоа, околу 4.100 програми за финансирање на Стејт департментот биле поништени, а околу 2.700 биле задржани, прецизирала администрацијата на Трамп.

Претседателот Доналд Трамп и неговиот сојузник, Илон Маск, задолжен за Одделот за државна ефикасност, ги нападнаа програмите за странска помош посилно и побрзо отколку било која друга цел во напорите да ја намалат федералната влада. Тие двајца тврдат дека проектите на USAID ја унапредуваат либералната агенда и претставуваат расфрлање на парите.

Трамп на 20-ти јануари, на денот на неговото стапување на должност, наредил 90-дневно замрзнување на странската помош и ревизија на овие програми за да се одлучи кои заслужуваат да продолжат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни