ОЕЦД: Вештачката интелигенција е корисна во образованието, но може да предизвика интелектуална мрзеливост

Целта на учењето и наставниот материјал пред се треба да биде развој на човечки вештини, како што се независно размислување и способност за препознавање врски меѓу предметите.

Постојат сè повеќе докази дека вештачката интелигенција (ВИ) во наставата може да ги подобрЉи перформансите на учениците во решавањето на специфични задачи, но во исто време не мора нужно да придонесе за нивниот напредок во процесот на учење, објави денес Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Префрлањето на задачи што му служат на когнитивниот процес на вештачка интелигенција за општа намена носи ризик од интелектуална мрзеливост за време на учењето, како и отсуство на ангажман, што на долг рок може да го загрози стекнувањето знаење и вештини.

Неколку студии покажаа дека кај учениците кои користат ВИ, иако покажуваат подобри резултати од своите врсници, оваа предност исчезнува со текот на времето, понекогаш дури и регресира, особено кога им е одземена можноста да користат вештачка интелигенција на испити, соопшти ОЕЦД.

Спротивно на тоа, вештачката интелигенција што е создадена или се користи конкретно за образовни цели, обично покажува одржлив напредок во учењето кај учениците.

Целта на учењето и наставниот материјал пред се треба да биде развој на човечки вештини, како што се независно размислување и способност за препознавање врски меѓу предметите.

Ова треба да се постигне без генеративна вештачка интелигенција, потоа со помош на образовна генеративна вештачка интелигенција, а дури потоа со вештачка интелигенција за општа намена.

Генеративната вештачка интелигенција, според ОЕЦД, треба да се користи селективно и намерно за педагошки цели, со цел да се збогати процесот на учење, а не да се замени нивниот когнитивен напор во најважниот дел од образованието на младите луѓе или да се ослабнат човечките врски.

Во анкетата, 37 проценти од наставниците во средните училишта рекле дека користат вештачка интелигенција на работа. Исто така, 57 проценти се согласиле дека вештачката интелигенција им помага да градат или подобрат наставни програми.

Сепак, 72 проценти од наставниците во средните училишта сметале дека вештачката интелигенција може да му наштети на академскиот интегритет со тоа што ќе ги тераат учениците да предаваат задачи што всушност биле решени со вештачка интелигенција како свои.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни