Во современиот свет, каде што интензивното земјоделство се повеќе се потпира на хемиски ѓубрива, органското ѓубрење претставува враќање на природните корени и хармонија со земјата. Тоа не само што го поттикнува здравиот раст на растенијата, туку игра клучна улога во зачувувањето на биодиверзитетот на почвата, што е основа на екосистемите и клуч за долгорочна одржливост на земјоделските практики. Една неодамнешна студија од Шведска дава надеж на придобивките од органското оплодување.
Еколошките предности на органските ѓубрива и повеќегодишниот плодоредот се едни од клучните фактори кои позитивно влијаат врз биодиверзитетот на почвата во одржливото земјоделство. Здравата почва поддржува различни подземни животни како црви, лебарки и други ситни организми.
Докажано е дека традиционалните земјоделски методи, како што се употребата на органски ѓубрива го зголемуваат органскиот јаглерод во почвата, кој е неопходен за живот на различни подземни организми. Овие организми се клучни за здравјето на почвата, регулацијата на штетниците и циклусот на хранливи материи.
Студијата опфати 19 полиња со овес и јачмен во југозападна Шведска, од кои секое беше подложено на еден од трите третмани за диверзификација во текот на шест години, според веб-страницата на Европската комисија.
Проценките на терен покажаа дека парцелите третирани со органски ѓубрива и интегрирани повеќегодишни растенија имаат значително поголем број на организми во почвата. За разлика од нив, полињата прихранувани со со минерални ѓубрива забележаа помал број од овие видови.
Исто така, органската материја во ѓубривото ја подобрува способноста на почвата да ја задржува водата. Ова ја намалува потребата за често наводнување и им помага на растенијата да преживеат подобро во суви услови. За разлика од хемиските ѓубрива, органските постепено ослободуваат хранливи материи, намалувајќи го ризикот од загадување.
Студијата заклучува дека органското ѓубрење и примената на различни плодореди, особено оние со повеќегодишни плодови, може да го зајакнат биодиверзитетот и да доведат до стабилност на екосистемот, без да се загрозат приносите на културите. Овој пристап укажува на одржливо земјоделство, посочуваат експертите.
Извор: energetskiportal.rs