Повеќе од 50 интернационални и балкански артисти кои ја покажаа уметноста со бои во различни техники и стилови на првото Skopje Tattoo Show 2023. Натпреварувачите се натпреваруваа во повеќе категории и во двата дена беа прогласени победниците во соодветните категории.
Победници од првиот ден беа: Дамјан Клинчаров најдобар во категоријата мала тетоважа, Срѓан Цетник во категоријата заздравена тетоважа, а најдобра за првиот ден беше Јоана Фаферко. Вториот ден беа доделени награди за најдобра црно-бела тетоважа која ја псвои Зоран Трајковски. Најдобар во колор тетоважа беше Никола Стефановиќ, а најдобар на денот беше Дамјан Клинчаров. Наградата за најдобра тетоважа на конвенцијата ја доби Влатко Здравков.