Одржана 10. Генерална конгрегација во Ватикан

Сите 133 кардинали помлади од 80 години, кои ќе го изберат новиот папа, ќе се соберат во среда во 16:30 часот во Сикстинската капела и ќе започнат со гласањето, кое ќе трае сè додека еден од нив не добие двотретинско мнозинство и не стане новиот поглавар на Католичката црква, која брои 1,4 милијарди верници ширум светот.

На 10. Генерална конгрегација во Ватикан учествуваа 179 кардинали, вклучувајќи ги и 133 кардинали кои на конклавата од 7 мај ќе го изберат новиот папа, беше објавено вчера во Ватикан.

Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, изјави за новинарите дека 179 кардинали, вклучително и 132 избирачи, учествувале на Генералната конгрегација, нагласувајќи дека сите 133 кардинали се присутни во Рим во пресрет на конклавата која започнува на 7 мај.

Кардинал Ѓовани Батиста Ре, деканот на Колегиумот на кардинали, ѝ соопштил на Конгрегацијата дека кардиналот Кевин Фарел во саботата попладне извлекувал жреб за распределба на собите за кардиналите. Сите ќе бидат сместени во куќата Света Марта и во старата куќа Света Марта.

Сите 133 кардинали помлади од 80 години, кои ќе го изберат новиот папа, ќе се соберат во среда во 16:30 часот во Сикстинската капела и ќе започнат со гласањето, кое ќе трае сè додека еден од нив не добие двотретинско мнозинство и не стане новиот поглавар на Католичката црква, која брои 1,4 милијарди верници ширум светот.

Кардиналите се сместени во резиденцијата Света Марта, каде што својот понтификат го помина починатиот папа Франциск, кој почина на Велигденски понеделник на 88-годишна возраст.

За време на престојот, кардиналите ќе мора да ги предадат своите мобилни телефони, а откако ќе се повлечат во Сикстинската капела, нема да имаат контакт со надворешниот свет.

За избор на наследникот на папата Франциск ќе биде потребно двотретинско мнозинство, а конклавата може да трае со денови, па дури и со недели.

Најдолгата конклава во поновата историја траела повеќе од 50 дена, кога во 1831 година бил избран папата Григориј XV, а претходните две конклави, одржани во 2005 и 2013 година, траеле само два дена – кога Бенедикт XVI бил избран во четвртиот круг, а папата Франциск во петтиот круг на гласање.

Во тајното гласање можат да учествуваат само кардинали помлади од 80 години, а по успешно гласање со двотретинско мнозинство, новоизбраниот папа се прашува дали ја прифаќа функцијата и кое име сака да го земе.

Јавноста дознава дека е избран нов папа кога службено лице ги пали гласачките ливчиња со посебни хемикалии и од оџакот на капелата излегува бел чад. Потоа, еден од високо позиционираните кардинали излегува на централниот балкон на базиликата Свети Петар и објавува: „Habemus Papam“ (Имаме папа).

Потоа на балконот излегува новиот папа и го благословува народот собран на плоштадот пред базиликата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни