Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица поради интензивните врнежи

Интензивните врнежи од дожд што започнаа синоќа предизвикаа појава на повеќе одрони на патниот правец Делчево – Македонска Каменица.

Според информации добиени од возачи, најголеми одрони има по селото Очипала, во близина на локацијата Баткова Чешма, каде на коловозот е забележана значајна количина земја и камења.

Поситни одрони се евидентирани и на други делници долж овој пат, што доведува до отежнато и забавено одвивање на сообраќајот. Коловозната површина е влажна, а видливоста намалена, што дополнително го усложнува возењето.

Надлежните служби апелираат до сите учесници во сообраќајот да се движат со зголемено внимание и прилагодена брзина. Екипи на терен работат на расчистување на патот.

Извор:Независен

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни