И покрај појавата на поголеми камења и земја на коловозот, сообраќајот не е целосно прекинат; возилата се пропуштаат со кратки задржувања сè додека траат активностите за обезбедување на трасата.
Информациите од терен укажуваат дека одрони има и на други точки долж магистралата, што дополнително бара внимателно возење и намалена брзина.
Автомото сојузот на Македонија информира дека слична состојба е регистрирана и на патниот правец Отешево – Сирхан, каде што сообраќајот моментално се одвива по една коловозна лента поради наталожени камења.
АМСМ апелира возачите да бидат особено претпазливи на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што природните услови често создаваат ризик од нови одрони. Најкритични делници и понатаму остануваат Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Надлежните служби продолжуваат со мониторинг и навремено реагираат на сите пријавени појави долж патните правци.
Извор: 360 степени
