За среќа, во несреќите нема повредени лица, туку е причинета само материјална штета.
Сообраќајот на овој дел се пренасочува по десната коловозна лента, додека на терен интервенира велешката полиција.
Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека, и покрај овие инциденти, сообраќајот низ државата генерално се одвива непречено, по влажни коловози.
АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината и да ја почитуваат поставената сигнализација, со оглед на зголемената опасност од одрони, особено на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.
Според препораките, потребно е зголемено внимание при возење низ клисурите, речните долини и котлините, каде ваквите појави се почести во овој период од годината.
Извор: 360степени