Одрон на депонија во Индонезија: има загинати, спасувачите трагаат по исчезнати

Голем одрон од отпад на депонијата Бантарангебанг во близина на Џакарта однесе најмалку четири животи. Повеќе од 200 спасувачи трагаат по исчезнати лица.


Индонезиските спасувачи трагаат по најмалку пет исчезнати лица откако огромна количина отпад се урна на најголемата депонија во земјата, при што загинаа најмалку четири лица, соопштија властите.

Несреќата се случила во неделата на депонијата Бантарангебанг во регионот Бекаси, на периферијата на главниот град Џакарта. Според локалната служба за спасување, одронот најверојатно бил предизвикан од силните дождови што паѓале во областа од саботата навечер.

Во моментот на уривањето неколку камиони истоварале отпад, а во близина имало и штанд за храна. Поради непрекинатите врнежи, огромната „планина“ од ѓубре станала нестабилна и се срушила.

Четири лица успеале да преживеат, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по исчезнатите. Според властите, меѓу нив има возачи на камиони и собирачи на отпад, а постои страв дека под отпадот може да има затрупано и други луѓе.

Во спасувачката операција од понеделникутро учествуваат повеќе од 200 спасувачи, вклучувајќи полиција и војска, а на терен се ангажирани и 17 багери.

Депонијата Бантарангебанг е најголемата во Индонезија и се простира на околу 110 хектари. Секој ден таму се носат меѓу 6.500 и 7.000 тони отпад.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни