Одрон кај Кичево-Гостивар: Забрана за автобуси и тешки камиони кон Попова Шапка

Поради одрон кај село Колари, на патот Кичево-Гостивар воведена е наизменична регулација и забрана за автобуси и тешки товарни возила кон Попова Шапка. Проверете ги актуелните информации и препораки за безбедно движење.

На патот Кичево – Гостивар, поради одрон кај село Колари, од 7:00 часот е воведен наизменичен сообраќај по една коловозна лента во должина од 30 метри. Претходно, сообраќајот беше целосно прекинат од 5:40 часот.

АМСМ информира дека од 5:45 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси на делницата село Лисец – Попова Шапка. Сообраќајот се одвива во зимски услови, со влажни коловози, а на граничните премини нема подолги задржувања.

Возачите се советуваат на прилагодена брзина, почитување на сигнализацијата и внимателно управување со возилата, особено во котлини, речни долини и клисури.

Задолжително поседување зимска опрема за сите возила.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни