Одобрен првиот назален спреј за лекување депресија

По прегледот на околу 31 клиничко испитување од последните шест години, вклучувајќи и неодамнешно испитување во фаза IV, агенцијата сега одлучи дека спрејот Справато може да се користи самостојно, пренесува Science Alert

Спреј за нос на база на кетамин е официјално прва и единствена самостојна терапија достапна за депресијата во САД. FDA првпат го одобрила лекот на компанијата „Johnson & Johnson“, наречен Справато (ескетамин), за некои случаи на депресија во 2019 година, но беше дозволено да се препишува само во комбинација со орален антидепресив.

По прегледот на околу 31 клиничко испитување од последните шест години, вклучувајќи и неодамнешно испитување во фаза IV, агенцијата сега одлучи дека спрејот Справато може да се користи самостојно, пренесува Science Alert.

Пациентите кои ги исполнуваат условите за Справато спреј се возрасни лица со депресија кои пробале најмалку два антидепресива без соодветно подобрување на симптомите, како и оние со голем депресивен пореметување кои имаат акутни мисли за самоубиство или самоповредување.

Според некои проценки, една третина од пациентите со голема депресија не се подобруваат само со орални антидепресиви, и додека Справато не делува кај секого, кај некои може да ги промени нивните животи.

Во 2024 година, компанијата „Johnson & Johnson“ објави дека нивното испитување во фаза IV на овој спреј како самостојна терапија не покажало нови проблеми во однос на безбедноста. Во споредба со плацебо спрејот, спрејот на базиран на кетамин се покажал како ефикасен, безбеден и поднослив кога се применува секои две недели како третман за отпорна депресија.

Кај некои пациенти симптомите се намалени веќе 24 часа по првата примена. Четири недели по испитувањето, 22,5% од пациентите кои земале Справато постигнале ремисија, во споредба со само 7,6% од оние кои земале плацебо.

Активната состојка на Справато се вика ескетамин и традиционално се користи како анестетик. И ескетаминот и кетаминот, неговото матично соединение, покажуваат предности во лекувањето на некои форми на депресија. Ескетаминот, сепак, е два до четири пати посилен од својот претходник, што значи дека пациентите можат да примаат помала доза.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни