Одново на сцената – тетоважи видливи само со ултравиолетови зраци

фото: Inked Mag

Иако се појавија во последната деценија и се означени како необични тетоважи, сепак последната година се целосно во мода и се доминатен тренд кај младите – тие се со светли флуоресцентни бои и на дневна светлина се практично невидливи, но затоа на ултравиолетово зрачење даваат неонски сјај, па оттаму најчесто се забележливи во дискотеки и клубови. Или едноставно, низ денот ваквите тетоважи се невидливи за родителите, па младите се ослободени од товарот да предизвикаат несогласувања кај родителите, а ноќе, кога тие се на журка во дискотека, тетоважите им се значаен моден детаљ, затоа што имаат флуросцентен цртеж на своето тело.

фото: Scene 360

Светлечките тетоважи се посебен стил на цртање на кожата. На дневна светлина, иако поголемиот дел од ваквите тетоважи не се видливи, сепак кај некои може да се забележи бела или малку сива боја. Според истражувањата младите сепак во поголем дел се определуваат за оние кои денски воопшто не се гледаат.

Овој тренд во уметноста на тетоважи е релативно нов, иако како техниката своите почетоци ги бележи уште во 1990-тите поради порастот на неонските трендови ниоз ноќните барови и клубови. Во тоа време, кога ги создавале цртежите, тату-мајсторите користеле мастило со соединенија на фосфор и цинк, што претставувало сериозна опасност за телото. Најнеодговорните тату-мајстори користеле компонента наречена EverGlow – првично создадена за сигнализација на чамци, така што употребата на оваа супстанца за тетоважи не може да се нарече хумана. Дури и со почитување на сите санитарни стандарди, одржување на стерилност и редовен антисептички третман, примената на овој тип боја е проследена со тешки алергиски реакции, па дури и развој на некои видови канцер на кожата.

Денес, кога невидливите тетоважи се враќаат на голема врата, оваа токсична хемикалија практично повеќе не се ни користи. Професионалните студија за тетовирање се префрлија на модерни пигменти на база на цинк сулфат, а посебната техника на производство ги прави светло-реактивни, односно реагираат на ултравиолетова светлина.

фото: StayGlam

Ефектот на сјај во светличките тетоважи трае онолку долго колку и кај наједноставните тетоважи. Се разбира, со текот на времето, сјајот постепено ќе избледи, но нема да исчезне целосно. Составот на пигментите се подобрува секоја година, а бројот на негативни критики за нив постојано се намалува. Сепак, ниту една од формулациите што се користат до денес не доби одобрение од американската Агенција за храна и лекови, каде трендот е особено раширен. Затоа, секогаш кога се прави каква било неонска тетоважа тоа е на сопствен ризик и одговорност.

Ваквите тетоважи се оптимални за љубителите на клупскиот живот, посетителите на баровите и ноќниот живот, бидејќи цртежот се открива на ултравиолетова светлина. Многумина ги користат како одлично решение особено доколку поради професионалните ангажмани немаат можност за „нормална“ тетоважа. Светлечките тетоважи можат да се поделат на два вида. Прво, кога цртежот е забележлив на дневна светлина, но во темница започнува да свети поради дополнителната боја и ефекти, кои се посветли и позаситени. Вторите пак воопшто не се забележуваат во текот на денот, но со настапувањето на ноќта, под неонската светлина на клубските светилки, тие почнуваат да светат во целосен сјај.

фото: Temporary Tattoos

Од гледна точка на техниката на изработка, светлечките тетоважи може да се аплицираат на кожата на два начина. Со стандардната техника, најчесто со користење на игла и во ваков случај, класичен пигмент се вбризгува под кожата и потоа се става неонска боја под ултравиолетова ламба. Но, бидејќи флуоресцентните бои имаат течна структура ова значително ја успорува работата и одзема многу време. Може да се користи и техниката за привремени тетоважи – во овој случај, пигментот се дистрибуира по површината на кожата со тенок валјак. Сепак, треба да се има предвид дека тетовирањето со целосно светли бои нема да биде лесно. Затоа, за да се создаде ваква тетоважа, најчесто се користи цртеж во форма на натпис или скица, а најчестите стилови се калиграфија, гравирање и геометрија.

За да може ултравиолетовата тетоважа да даде светол сјај, грижата мора да е на високо ниво. Ова првенствено се должи на заштитата од сончева светлина, особено во првите три месеци по нанесувањето на бојата. Во овој период, многу е важно да се користи силен крем за сончање со заштитен фактор од најмалку 30. Вториот момент е стерилноста на третираната површина. Нечистотијата на раната може да го затемни пигментот, а боите ќе се утврдат дури по целосно заздравување на кожата. Важно е да се заштити тетоважата и од парфеми, креми и препарати за домаќинството. Треба да се исклучат сите компоненти за нега кои можат да предизвикаат алергиска реакција.

Не постојат голем број информации за УВ-тетоважите, па и истражувањата и текстовите кои се споделуваат не откриваат премногѕ, но останува констатацијата е дека тие траат исто како и обичните тетоважи. Истражувања покажуваат дека светлечките тетоважи може да траат цел живот, но тоа може да зависи од изложеноста на тетоважата на УВ-светлина. Според Tattoo Health, за отстранување на овој вид тетоважи се користи истиот начин како и за обичните тетоважи, односно со ласерска интервенција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни