Уцена во изборна кампања: 14 жени активистки во Србија мета на одмаздничка порнографија

Активистки од Зелено-левиот фронт и Демократската странка во Кула пријавуваат закани и дигитално родово насилство; се бара итна институционална реакција
Screenshot: Reactor

Во општина Кула во Србија, за време на локалната изборна кампања, 14 јавно ангажирани жени – студентки и активистки на Зелено-левиот фронт и Демократската странка – се најдоа на мета на закани и обиди за дискредитација преку одмаздничка порнографија.

Според објавите на активисти и организации, заканите биле реализирани со објавување на наводна експлицитна снимка од една од жените на портал со име „69“, додека притисоците и заплашувањата кон преостанатите 13 продолжуваат.

Случајот отвора сериозни прашања за дигиталното и родово базирано насилство во политички контекст. Заканите со понижување и компромитирање на интимни содржини се препознаваат како форма на сексуална уцена и злоупотреба, која има цел да ги замолчи жените во јавниот простор.

Особено загрижува фактот што заплашувањето се случува во тек на изборна кампања, период во кој јавната дебата треба да биде насочена кон политики и програми, а не кон лични дискредитации. Според потписничките на реакцијата, ваквите напади се дел од поширок образец на замолчување на жените во јавниот и политичкиот живот и директно ги поткопуваат демократските права.

Во реакцијата се посочува и дека изостанокот на соодветна и навремена институционална реакција го продлабочува чувството на неказнивост и создава амбиент во кој ваквото насилство може да се повторува.

Потписничките бараат итна, ефикасна и транспарентна постапка од надлежните органи, заштита на загрозените жени во Кула и санкционирање на одговорните.

Пораката што ја испраќаат е јасна: „Интимата е човечка. Сексуалната уцена е криминал. Жени, срамот им припаѓа ним, не нам!“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни