Одлуката на Трамп за укинување на финансирањето на медиуми како Гласот на Америка (VOA) и Радио Слободна Европа предизвика остри реакции

Трамп во петокот потпиша извршна наредба со која се намалуваат на минимум функциите на неколку агенции, вклучувајќи ја Американската агенција за глобални медиуми (USAGM), која ја надгледува работата на VOA, RSE, Канцеларијата за емитување за Куба, Радио Слободна Азија и Медиските мрежи на Блискиот Исток.

Одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, да ја стопира финансиската поддршка за медиумските куќи што ги финансира американската влада, вклучувајќи го Гласот на Америка (VOA) и Радио Слободна Европа/Радио Слобода (RSE), предизвика остри реакции и негодување.

Вчера, новинарите од VOA, RSE и други медиуми кои ги финансира американската влада беа ставени на платен одмор, откако Трамп реши да замрзне финансирање на овие куќи, кои имаат дописници низ целиот свет и покриваат региони како источна Европа и Централна Азија.


„Длабоко сум погоден од фактот дека по прв пат во 83 години угледниот Глас на Америка се гаси“, изјави директорот на VOA, Мајкл Абрамовиц, потврдувајќи дека повеќе од 1.300 новинари и вработени, вклучувајќи и него, биле ставени на административен одмор.

Трамп во петокот потпиша извршна наредба со која се намалуваат на минимум функциите на неколку агенции, вклучувајќи ја Американската агенција за глобални медиуми (USAGM), која ја надгледува работата на VOA, RSE, Канцеларијата за емитување за Куба, Радио Слободна Азија и Медиските мрежи на Блискиот Исток.

„Укинувањето на грантовите за Радио Слободна Европа ќе претставува огромен подарок за непријателите на Америка“, изјави претседателот и извршен директор на RSE, Стивен Капус.

Според извештајот на политичкиот магазин Политико, Радио Слободна Азија наскоро ќе започне со отпуштање на дел од својот персонал.

Администрацијата на Трамп ги обвини овие медиуми за пристрасност, без да наведе конкретни докази.

„Оваа одлука ќе осигура дека американските даночни обврзници повеќе нема да ја финансираат радикалната пропаганда“, соопштено е од Белата куќа.

Кари Лејк, висока советничка на USAGM, која беше именувана од Трамп, изјави дека „оваа агенција не може да се спаси“, тврдејќи дека „од врвот до дното се работи за исклучително корумпиран систем и непотребен трошок за американските даночни обврзници“.

Одделот за ефикасност на владата (DOGE), кој го води Илон Маск, претходно оваа месец воведе 30-дневна блокада на финансирањето на медиумите на USAGM, вклучувајќи VOA и RSE, што може да биде првиот чекор кон трајно укинување на државната поддршка за овие медиуми, пренесува Политико.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни