Индија го одложи за неколку дена експериментот што требаше да ја направи четвртата земја во светот што реализира ваков потфат, клучен за развојот на идните мисии во вселената.
„Процесот на доближување и приклучување со домашната вселенска станица бара дополнителна валидација преку симулации на Земјата врз основа на сценариото за прекин, идентификувано денес“, соопшти Индиската вселенска агенција (ISRO) без дополнителни детали. Експериментот, клучен за сервисирање на сателити, операции на вселенски станици и меѓупланетарни мисии, ќе ѝ обезбеди на Индија значајна улога во комерцијалните и истражувачките вселенски истражувања, според Ројтерс.
За време на мисијата лансирана на 30 декември од главниот индиски космодром, беше искористена ракета од индиско производство за да се стави сателитот во орбитата.
Во ноември, ISRO лансираше сателит користејќи ракета Falcon 9 на SpaceX, што е прв пат агенцијата да употреби една од ракетите на Илон Маск. Заедничкиот сателит НАСА-ИСРО за мерење на движењето на копнените и ледените површини на Земјата треба да биде лансиран на почетокот на следната година од Индија. Во декември, индиска ракета лансираше два европски сателити, првпат во последните две децении ИСРО да соработува со своите европски колеги.
Вселенската програма на Индија датира од 1970-тите, кога доби поддршка од Советскиот Сојуз. Во моментов, Русија обезбедува вселенски одела и друга опрема за Гагањаан, индискиот проект за испраќање луѓе во вселената за прв пат, а астронаутите за овој проект се обучени во Русија. Мисијата Space Fusion Experiment, позната како SpaDex, беше лансирана од вселенскиот центар Сатиш Даван во Шрихарикота, државата Андра.