Во организација на здружението „Кочо Рацин“ од Белград, македонската заедница во Србија со положување цвеќе, им оддаде почит на 1.295 загинати Македонци во Првата светска војна, припадници на Вардарскиот баталјон кај Костолачка Коса крај Пожаревац.
„И годинава на 15 ноември во организација на здружението „Кочо Рацин“ од Белград ја одржуваме традиционалната коменморација во Костолачка Коса за вечен спомен на 1.295 загинати од 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон кој учествуваше во војската на кралството Србија во првата светска војна. Полагаме цвеќе и во с.Петка каде младите војници од Македонија од тој баталјон престојувале една година. Македонската заедница во Србија побара претседателот и владата на Србија да издадат потребни дозволи за изградба на споменик во Косотолачка Коса и во село Петка за вечен помен и спомен на Македонците во Првата светска војна“, нагласи Лидија Демниева претсетдаел на македонското здружение Кочо Рацин од Белград.
На настанот беше прочитано и писмо упатено од Светскиот македонски конгрес.

„Настаните од 1915 година трајно се врежани во моријата на жителите на Стар Костолац, с. Петка и Нови Костолац и на Македонците во Србија. Заедно со вас, во ова чествување на Вардарскиот баталјон во војската на Србија во Првата светска вијна, се сите Македонци во светот. Со иницијативата на македонскиот сенатор Гојко Илиевски и на Македонската заедница во Пожаревац за комеморацијата, таа вистина се потврдува. Првата светска војна како и Балканските војни оставија длабоки траги во македонското национално ткиво“, наведе во поздравната телеграма претседателот на Светскиот макеоднски конгрес, Тодор Петров.
Вадрадрскиот батајлон со вкупно 1.300 Македонци бил формиран во Кралството Србија со мобилизација во тогашна Јужна Србија. Во борбите со австро-унгарската и германската војска, борејќи се во состав на српската војска, загинале 1295 од нив. Вардарскиот баталјон имал вкупно 1300 борци од Тетовско, Гостиварско, Кумановско, Поречието, Кривопаланечкиот и Кратовскиот регион.
Во одбрана на Смедерево, Гроцка и Белград загинале 473. Кај Костолачка Коса од баталјонот загинале уште 627 Македонци. Останатите загинале при заштитата на српската војска која се повлекувала кон Пеќ и Албанија. Од Вардарскиот баталјон, Првата светска војна ја преживеале само петмина македонски војници.
Пред неколку години поднесено е барање од македонското здружение во Белград, „Кочо Рацин“ да се подигне споменик во с. Петка за Македонците – борци за Кралството Србија загинати за време на Првата светска војна. Барањето било поддржано и од Светскиот македонски конгрес.

На одбележувањето, каде беше одржано историското потсетување за храброста на загинатите Македонци, свежо цвеќе положија Македонци од Србија, делегација од македонската амбасада во Белград и од партијата Левица.
По комеморативниот собир, Македонците изразија благодарност до месната заедница Костолац за одржувањето на поменот за загинатите Македонци од Вардарскиот батаљон во Првата светска војна во битката кај месноста Костолачка Коса.
