Светски лидери во Вашингтон на првиот состанок на Одборот за мир – фокусот на Газа и прекинот на огнот

Во Вашингтон започна првиот состанок на Одборот за мир, инициран од Доналд Трамп. Лидери од повеќе земји разговараат за прекин на огнот, хуманитарна помош и реконструкцијата на Газа.
epa12468173 US President Donald Trump during a meeting with Australian Prime Minister Anthony Albanese in the Cabinet Room at the White House in Washington, DC, USA, 20 October 2025. EPA/YURI GRIPAS / POOL

Во Вашингтон започна инаугуративниот состанок на новоформираниот Одбор за мир, на кој присуствуваат светски лидери и високи претставници со цел да се разговара за безбедносните предизвици на Блискиот Исток и за реконструкцијата на Појасот Газа. Според странските медиуми, средбата се одржува во Американскиот институт за мир, кој неодамна беше преименуван од американскиот претседател Доналд Трамп.

Меѓу учесниците се и премиерот на Албанија, Еди Рама, како и претседателката на Косово, Вјоса Османи. Се очекува секој од лидерите да има кратко обраќање, со ограничено време за излагање, додека во делегацијата присуствуваат и државниот секретар Марко Рубио, Џаред Кушнер, амбасадорот на САД во Обединетите нации Мајк Валц, специјалниот претставник Стив Виткоф, поранешниот британски премиер Тони Блер и високиот претставник Николај Младенов.

Американскиот претседател Трамп се ракуваше со присутните лидери пред почетокот на состанокот, а главна тема на разговорите е првата фаза од планот за Газа, која вклучува прекин на огнот меѓу Хамас и Израел, зголемување на хуманитарната помош и ослободување на заложниците.

Одборот, формиран со цел да ги координира хуманитарните и реконструкциските активности во Газа, ќе биде информиран и за ветените пет милијарди долари помош од земјите-учеснички. Според проценките на Обединетите нации, Светската банка и Европската унија, целосната реконструкција на регионот би можела да достигне вредност од околу 70 милијарди долари по повеќегодишниот конфликт.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни