Одбележување на 80 години од формирање на Антифашистичкиот фронт на жените

Со учество на експертки и активистки од регионот, Регионалната феминистичка антифашистичка мрежа (ФАМа) и Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС) на утрешниот настан ќе одбележат 8 децении од формирањето на Антифашистичкиот фронт на жените – АФЖ.

Во рамки на дискусијата, говорниците ќе се осврнат на заедничката историја и на вредностите на антифашистичкиот фронт на жените во денешен контекст. Историското движење за правата на жените започна со антифашистичка солидарност во регионот која го донесе духот на слободата.

Настанот ќе се одржи утре (12 декември), во Кинотека на Македонија, со почеток од 19:30 часот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни