Од вечерва почнува зимското сметање на времето, ЕУ седум години се обидува истото да го укине

Зимското сметање на времето секоја година почнува во последниот викенд од октомври, а трае до последниот викенд на март

Со поместување на часовниците за еден час наназад, од 3 на 2 часот, ноќва, сабота кон недела, завршува летното сметање на времето, а започнува зимското кое ќе трае до

Зимското сметање на времето секоја година почнува во последниот викенд од октомври, а трае до последниот викенд на март, кога часовникот повторно се поместува еден час понапред.

Различни прописи за летно сметање на времето беа стандардизирани во Европската Унија во 1996 година, а во меѓувреме се појавија бројни критичари кои бараат промена на ова поместување, односно задржување само на летното сметање на времето.

ЕУ не успева да го укине менувањето на часовникот од 2018 година

Противниците цитираат неколку студии кои покажале дека менувањето на часовниците во пролет и есен негативно влијае на економијата и здравјето на луѓето.

Европската Унија предложи укинување на промената на часовникот во 2018 година, но досега не е постигнат договор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни