Во втроник ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе достигне 34 степени. Локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи се очекува и во среда и четврток за кога дневните температури се очекува да изнесуваат максимум 33 и 34 степени.