Од трка до донација, dm обезбеди 150 пакети менструални производи

Во соработка со МАГО, иницијативата продолжува и по трката со едукативна работилница за менструално здравје во Шуто Оризари.

Со порака за солидарност и поддршка меѓу жените, dm drogerie markt годинава го заокружи своето учество на „Женска трка“ со донација од 150 пакети менструални производи. Во рамки на иницијативата, 150 жени од dm и Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари, МАГО, учествуваа на трката што се одржа во Градскиот парк во Скопје.

Под мотото „Трчам напред, за таа да не чекори назад“, обезбедените пакети со dm менструални производи ќе бидат дистрибуирани преку МАГО до жени на кои им се најпотребни.

Соработката меѓу dm и МАГО продолжува и по завршувањето на настанот. За 30 април е најавена бесплатна едукативна работилница на тема менструално здравје, која ќе се одржи во Општина Шуто Оризари. Со тоа, иницијативата се шири и надвор од самата трка, отворајќи простор за едукација, информирање и поддршка во заедницата.

Поддршката за пораката беше видлива и за време на самата трка, преку транспаренти со охрабрувачки пораки за солидарност, заедништво и меѓусебна поддршка меѓу жените.

Како дел од настанот, dm беше присутен и со свое катче кај фонтаната во Градскиот парк, каде учесничките и посетителите имаа можност да добијат бесплатни совети за женското здравје од специјалисти гинеколози. Во рамки на ова советување учествуваа д-р Весна Блажевска Сиљаноска и д-р Огнен Богданоски, специјалисти по гинекологија и акушерство.

Покрај советувањето, на посетителите им беа понудени и содржини за освежување и краток одмор, вклучително и дегустација на dmBio безалкохолни коктели.

Посебно внимание беше насочено и кон учесничките на трката. Во рамки на SOS катчето, за тркачките беа обезбедени производи за поддршка пред и по трката, меѓу кои Mivolis магнезиум, Balea спреј за освежување на телото, Sundance производи за заштита од сонце и Jessa влошки.

Со учеството на „Женска трка“ и соработката со МАГО, dm и овојпат ја стави во фокус темата за женското здравје, менструалната хигиена и потребата од подостапна поддршка за жените во заедницата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни