Од студентски дисидент до најконтроверзниот лидер во Европа, кој е Виктор Орбан?

Либерален активист кој стана поборник на „нелибералната демократија”. Портрет на човекот кој 16 години ја обликуваше Унгарија и цела Европа.

Постојат политичари кои се менуваат со времето. И постојат политичари кои го менуваат времето. Виктор Орбан е ретка комбинација на двете, анализира Euronews. Човекот кој денес е симбол на националконзервативизмот во Европа, некогаш бил еден од најгласните либерални млади гласови во посткомунистичката Централна Европа. Патот помеѓу тие две точки е еден од најзабележителните и најспорните политички преобразби во модерната историја на континентот.

Јуни 1989: Моментот кој го создаде Орбан

Сè почнало со еден говор. На 26-годишниот студент Виктор Орбан му биле дадени неколку минути на државната погребна церемонија за Имре Наѓ и другите жртви на антисоветското востание од 1956 година. Додека мнозина опозициски фигури останале внимателни и воздржани, Орбан го побарал она што малкумина дрзнале да го изговорат гласно, повлекување на советските трупи.

Со тој говор, преку ноќ стана глас на ново политичко поколение.

Партијата Фидес, на чие чело подоцна застанал, почнала како либерално младинско движење. Но во текот на следната деценија, Орбан почнал постепено да ја трансформира во конзервативна националистичка сила, паралелно со транзицијата на Унгарија од плнска кон пазарна економија.

Прв мандат: НАТО, ЕУ и почетоците на моќта

Во 1998 година, на само 35 години, Орбан станал премиер, еден од најмладите лидери во Централна Европа во тоа време. Неговата прва влада го надглеувала влезот на Унгарија во НАТО во март 1999 година и го напредувала патот кон членство во ЕУ, завршен под следната администрација во 2004.

Но потоа дошол пораз. Па уште еден. Фидес ги изгубил изборите во 2002 и 2006 година. Во тие години на опозиција, Орбан ја наоструил својата политичка порака, фокусирајќи се на национален суверенитет и тврдејќи дека либералната доминација во медиумите и јавните институции ја ограничува унгарската самоопределба.

2010: Двотретинско мнозинство и нов устав

На изборите во 2010 година, Орбан победил со двотретинско суперм мнозинство, доволно за менување на уставот. Неговата влада донела нов Основен закон, заедно со низа изборни и институционални реформи. Поддржувачите тврделе дека овие мерки ја обновиле политичката стабилност. Противниците рекле дека власта се концентрирала во извршната гранка, а независноста на судството и медиумите е ослабена.

Фидес победувал на секои парламентарни избори оттогаш.

2014: „Нелибералната држава” — филозофија или предупредување?

Во јули 2014 година, во говор во романскиот град Баиле Тушнад, Орбан ја формулирал својата управувачка филозофија со целосна јасност, Унгарија треба да се движи надвор од либерално-демократските рамки, создавајќи „нелиберална држава.”

Терминот предизвикал остра критика од западните влади и институциите на ЕУ. Но истовремено станал омилен концепт на националистичките движења низ цела Европа и пошироко. Орбан почнал да ја промовира Унгарија како модел за десничарски и крајнодесничарски партии во Франција, Италија, Шпанија и САД.

Русија, Украина и осаменоста во ЕУ

Орбан се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин повеќепати пред целосната инвазија на Украина во февруари 2022 година, а економските врски вклучувајќи договор за снабдување со гас и нуклеарен енергетски договор со руската државна компанија Росатом ги одржал и потоа.

Од 2022 година, Унгарија е најистакнатата земја-членка на ЕУ која се спротивставува на консензусот за воена поддршка на Украина. Орбан тврди дека испораките на оружје ја продолжуваат војната. Другите влади и сојузниците во НАТО ова го опишуваат како дипломатски штит за Москва обвинување кое Будимпешта го отфрла.

Европската комисија замрзнала околу 18 милијарди евра европски фондови поради загрижености за владеењето на правото, а Унгарија изгубила повеќе од 1 милијарда евра кохезиски средства на крајот на 2025 година откако не ги спровела бараните антикорупциски реформи.

Трамп, Венс и американската десница

Орбановата популарност во американските конзервативни кругови достигна нови висини во последниве години. Потпретседателот Џеј Ди Венс патувал до Будимпешта неколку дена пред изборите и на митинг јавно повикал: „Мораме Виктор Орбан да биде повторно избран за премиер на Унгарија.” Претседателот Доналд Трамп, повикан по телефон за време на настанот, им рекол на присутните дека Орбан „ја чувал земјата добра.”

Такер Карлсон посветил цела недела емисии снимени во Будимпешта. Марко Рубио, Стив Банон и претседателот на CPAC Мат Шлап сите го посетиле унгарскиот главен град. Унгарија редовно е домаќин на европскиот огранок на CPAC.

62 години, 16 на власт и сè уште неизвесен крај

Орбан денес има 62 години и сака да ја продолжи политичката доминација која трае повеќе од четврт век. По повеќе од 15 години континуирана власт, Фидес се соочува со домашен политички предизвик кој аналитичарите го опишуваат како најконкурентен од 2010 година наваму со економски притисоци и консолидирана опозиција во ликот на партијата Тиса. Но Орбан останува една од највлијателните и најспорните фигури во европската конзервативна политика. Дали ќе биде запаметен како државник кој ја бранел суверената Унгарија или како автократ кој ги уривал институциите зависи многу од тоа кој пишува историја?

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни