Во Центарот за поправки „Ништо ново“ во Кисела Вода, Скопје, на 9 јули (среда) од 17:30 до 19:30 часот ќе се одржи креативна работилница на која учесниците ќе учат како да создаваат уникатен накит од стара облека и текстил.
„Старата маица не мора да заврши во отпад – од неа може да се направи брош, обетки или ѓердан. Работилницата е одлична можност за оние кои сакаат да го изразат својот стил на одржлив и креативен начин“, порачуваат од „Ништо ново“.
Учеството е бесплатно, но потребно е претходно пријавување преку формулар: линк. Бројот на места е ограничен – важи правилото „прв дојден, прв услужен“.

Учесниците се охрабруваат да донесат стара облека (маици, кошули, фустани, тексас), како и накит кој не го носат – ќе се користат делови и механизми за креирање нови модни додатоци.
Центарот „Ништо ново“ е место каде што секој може сам да научи да поправа, реупотребува и создава – без разлика дали се работи за кујнски нож, електричен тротинет или искината облека. Наместо да се купува ново, од „АРНО“ повикуваат: „Ајде да поправаме!“.
Целта е да се менуваат потрошувачките навики, да се намали отпадот и да се поттикне одржлив начин на живеење преку работа со свои раце, размена на предмети, изнајмување алат и едукација.