Кој е Исак Андик, милијардерот кој го создаде модниот гигант Манго?

Основачот на модниот гигант Mango, Исак Андик (71), неочекувано загина вчера во несреќа додека планинарел во близина на Барцелона, соопшти е компанијата Манго. Регионалната полиција во Шпанија соопшти дека во вчера попладне 71-годишен маж паднал во провалија од над 97 метри во областа на пештерите Колбато во Салнитре, популарна туристичка дестинација во близина на Барселона. Полицијските единици биле распореденени во пештерите и успеале да го извлечат телото, соопштила полицијата.

Шпанскиот премиер Педро Санчез ја потври веста за неговата смрт.

„Сета моја наклонетост и признание за вашиот одличен труд и бизнис визија, која оваа шпанска фирма ја претвори во светски лидер во модата – напиша Санчез на платформата X.

Кој беше Исак Андик?

Андик, според Форбс, имал богатство од 4,5 милијарди долари. Бил роден во Истанбул и го брендот за брза мода 1972. година и успеал да го претвори во Mango во глобален гигант.

Mango е една од водечките европски модни групи, според веб-страницата на компанијата, со продавници на над 120 пазари. Во 2023 година, продажбата на компанијата ја надмина 3,2 милијарди долари. Компанијата моментално има 40 продавници во САД и планира да отвори уште 20 следната година, се наведува на веб-страницата на Mango До 2026 година планираат да отворат 500 нови продавници на други клучни пазари, како што се Канада, Франција, Италија, Обединетото Кралство и Индија, како и во матичната земја. Од 2017 година, Mango е присутен во над 100 земји (65% од неговите продавници се франшизи) и генерира повеќе од 2 милијарди евра годишен приход.

Роден во турска сефарска еврејска фамилија, Андик започнал бизнис со облека кога се преселил во Барселона, Шпанија, каде што почнал да продава рачно везени маички. Почнал да отвора продавници низ Барселона и Мадрид. Во 1984. година ги обединил своите активности под еден покрив, кој го нарекол Mango.

Медиумски срамежлив, Андик не се појавувал во јавноста и избегнувал да се слика сè до последните години

Живеел во Барселона, имал тројца возрасни деца, од кои две работат во Mango. Се очекува неговиот син Џонатан Андик да биде следниот кој ќе го наследи. Бил одликуван со витешка титула во 2018 година.

Како што пишуваше „Курир”, токму неговиот син Џонатан бил на местото на несреќата за време на трагедијата, како и уште неколку членови на семејството, кои повикале итна помош, која веднаш испратила хеликоптер. Андик бил страстен планинар.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни