Од последната епизода на White Lotus била избришана 18+ сцена

Во неделата беше прикажана последната епизода на третата сезона на серијата White Lotus, која ја гледале 6,2 милиони луѓе, пишува Variety. Иако многу работи се случија во последната епизода од третата сезона, има сцени кои Мајк Вајт на крајот ги отстранил од сценариото.

Мајк Вајт, креаторот на серијата, откри дека ја тргнал секс сцената во која Пајпер (Сара Кетрин Хук) ја изгубила невиноста со Зион (Николас ДуВернеј) од финалето на White Lotus.

Третата сезона веќе содржи неколку сцени 18+, а одлуката да се тргне оваа, вели Вајт, била „разочарувачка“.

Вајт изјавил дека сцената е избришана поради должината на епизодата која веќе била 90 минути. Вклучувајќи ја таа сцена би се додале уште 10 минути, што би било премногу. Исто така, сцената требало да додаде романтичен елемент во епизодата, што ќе се судри со сериозниот тон присутен во остатокот од епизодата.

Пајпер Ратлиф имаше искуство кое ѝ го промени животот на патувањето. Откако ја поминала ноќта со будистички свештеници, сфатила дека животот во манастир не е за неа. Пајпер решила да ја изгуби невиноста откако го напуштила будистичкиот храм, каде размислувала да помине една година.

Мајк Вајт објасни на подкастот White Lotus дека Пајпер и нејзиниот најстар брат, Саксон (Патрик Шварценегер), имале пресврт во текот на сезоната. Саксон во сезоната влезе опседнат со секс, за на крајот да го промени ставот, додека Пајпер беше целосна спротивност од нејзиниот брат.

Вајт тогаш откри дека Пајпер требало да има секс сцена.

„Делот што исто така беше пресечен, што е многу разочарувачки, е тоа што таа реши да ја изгуби невиноста во сценариото во последната епизода, а всушност имаше секс со Зион, кој е син на Белинда“, вели Вајт.

Тој, исто така, се осврна на промената на стилот на Пајпер, откривајќи уште една избришана сцена каде Саксон реагира на нејзиното облекување помалку конзервативно.

Сепак, трансформацијата на Пајпер е видлива во последниот кадар на бродот, кој сепак влезе во последната епизода.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни