Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на Францоконијата: Грција, Бугарија, Швајцарија, Романија, Северна Македонија, Албанија, Белгија , Франција и Канада) и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм, којашто ќе се одржи од 23 до 30 јуни 2025 година, во Кинотеката на Северна Македонија.
Манифестацијата ќе започне в понеделник, 23.06.2025, со почеток во 20 часот, во Кинотеката на Северна Македонија, со проекцијата на филмот „Ривиера”, на Орфеас Перецис, во француска и грчка копродукција. Настанот ќе го отворат г-ѓа Кристина Василату, Вршителка на должност во Амбасадата на Грција во Северна Македонија, и г. Иго Бештел, Директор на Францускиот институт во Скопје и Советник за култура и соработка во Амбасадата на Франција.
Следат проекциите на:
- Вторник 24 јуни, од 20 ч., „Странецот”, на Ники Илиев, во организација на Амбасадата на Бугарија и Бугарскиот културно-информативен центар;
- Среда 25 јуни, од 20 ч., „Куче на суд”, на Летисија Дош, во организација на Амбасадата на Швајцарија;
- Четврток 26 јуни, од 20 ч., „Таа Нова година што никогаш не дојде”, на Богдан Мурешану, во организација на Амбасадата на Романија;
- Петок 27 јуни, од 18 ч., „Убиј ги прво децата” на Димитар Оровчанец, во организација на Кинотеката на Северна Македонија;
- Петок 27 јуни, од 20 ч., „Слогани” на Ѓерѓ Џувани, во организација на Амбасадата на Албанија;
- Сабота 28 март, од 18 ч., „Вереницата на поетот” на Јоланда Моро, во организација на Амбасадата на Белгија во Софија,
- Сабота 28 јуни, од 20ч., „Вашите лица секогаш ќе ми бидат пред очи”,петкратен добитник на наградите Цезар, на Жана Ери, во организација на Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција;
- Понеделник 30 јуни, 20ч., затворање на Неделата на Франкофонскиот филм, со проекција на филмот „Ру”, на Шарл-Оливие Мишо во организација на Амбасадата на Канада во Белград.
Сите филмови се со превод на македонски јазик, а за дел од филмовите од нефранкофонско говорно подрачје обезбеден е и превод на француски јазик.
Влезници за проекциите се резервираат и се подигнуваат во Кинотеката.
За проекцијата на францускиот филм, резервирајте билети на https://forms.gle/j8eJ2M3DBnMyhNBn8,