Од понеделник јавниот превоз во Скопје со уште 55 автобуси

До крајот на годината се очекува да бидат активирани уште 20 автобуси, а се планира и набавка на 80 нови возила за ЈСП-Скопје до март следната година

55 автобуси на приватните превозници од понеделник повторно ќе сообраќаат на линиите во Скопје.

Ова е епилогот од разговорите на новата градска со власт со приватните превозници.

Дополнително, до крајот на годината се очекува да бидат активирани уште 20 автобуси, а преку Владата се планира набавка на 80 нови возила за ЈСП-Скопје до март 2026 година.

Претставниците на приватните превозници велат дека долгот на Градот кон нив изнесува околу 180 милиони денари и очекуваат чекори за негово надминување.

Истовремено, какок што најавија, тие заедно со новото раководство на ЈСП, ќе работат на реорганизација на линиите и подобрување на возниот ред.

„Приватните превозници се клучен дел од јавниот превоз во Скопје. Ќе воведеме еколошки автобуси и нови линии, а граѓаните наскоро ќе имаат редовен и сигурен превоз,“ изјави Јовица Зафировски, претставник на здружението.

Скопје речиси цела година се соочува со нефункционален јавен превоз. Неколку пати штрајкуваа и од ЈСП и приватните превозници, а возниот ред долго време е редуциран поради недостиг на автобуси но и возачи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни