Во понеделник на 20. јануари, кога според училишниот календар треба да започне второто полугодие, се очекува хаотична ситуација во наставата каква што до сега не е видена. Најголемиот дел од средните училишта низ Србија најавиле целосно прекинување на наставата, додека некои основни образовни установи нема да работат, а во некои училишта дел од колективот ќе одржува часови од по 45 минути, додека други дел ќе бојкотираат.
Во знак на поддршка и солидарност со студентските протести, како и до целосно исполување на нивните, но и образовни барања, дел од образовните установи ќе ја прекинат наставата во понеделник. Меѓу нив се речиси сите средни училишта и гимназии во Белград, поголемиот дел од училиштата во Нови Сад, гимназијата во Сремски Карловци, како и училиштата во Ваљево и Ужице.
„Не постои детално направен список на училишта во Србија кои нема да започнат со работа во понеделник. Очекуваме хаотична ситуација на 20. јануари каква што до сега не сме имале, бидејќи делови од некои училишта ќе имаат целосен прекин на наставата, додека делови од колективите ќе работат и ќе држат часови од 45 минути. Една проценка е дека голем дел од наставниците во основните училишта ќе работат нормално, но во средните училишта, поради поддршката на студентите, поголемиот дел од нив ќе ја стопираат наставата“, ијави за Nova.rs Данило Глигориќ, претседател на Репрезентативниот синдикат на работниците во образованието.
Меѓу наставниците и родителите се зборува дека Министерството за здравство ќе прогласи епидемија на респираторни инфекции за да го одложи почетокот на второто полугодиште и да се избегнат нови протести.
„Немам таква информација, не верувам дека тоа ќе се случи, но морам да признам дека не би бил изненаден. Ништо повеќе не може да не изненади“, нагласува Глигориќ.
Белград
Речиси сите белградски гимназии ќе имаат еднодневен прекин на работата во понеделник, со цел да покажат дека не се задоволни од договорот што четирите репрезентативни синдикати на образованието го постигнаа со Владата на Србија, како и начинот на кој синдикатите ги воделе тие преговори.
Нови Сад
Во Нови Сад нема да работат следниве училишта: ТШ „Милева Мариќ Ајнштајн“, ОШ „Доситеј Обрадовиќ“, ЕТШ „Михајло Пупин“, ОШ „Жарко Зрењанин“, Карловачка гимназија, Јовина гимназија, Гимназија Лаза Костић, ОШ „Сонја Маринковиќ“, Медицинска школа, ОШ „Прва војводинска бригада“, ОШ „Душан Радовиќ“, ОШ „Иво Лола Рибар“, МШ „Исидор Бајић“, ОШ „Васа Стајић“, ОШ „Јован Јовановиќ Змај“.
Ужице
Форумот на ужички основни и средни училишта, со скоро апсолутно мнозинство на гласовите на просветните работници, донел одлука за прекин на работата која ќе започне утре и ќе трае сè додека не се исполнат барањата на студентите, но и нивните барања.