Од полноќ нови, повисоки цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се коригираат нагоре во просек за 0,23% во однос на претходната одлука од 11 ноември 2025 година.

Цената на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1 денар по литар, додека дизелот (ЕУРОДИЗЕЛ Д-Е V) поскапува за 0,5 денари по литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува непроменета. Мазутот М-1 НС бележи намалување од 0,806 денари по килограм и од полноќ ќе чини 35,621 ден/кг.

Новите максимални цени што стапуваат во сила на 18 ноември 2025 година, од 00:01 часот, се следниве:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95: 75,50 ден/л
  • ЕУРОСУПЕР БС-98: 77,50 ден/л
  • ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V): 72,50 ден/л
  • ЕЛ-1: 69,50 ден/л
  • Мазут М-1 НС: 35,621 ден/кг

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни