Колку пати сте се нашле во ситуација да побарате совет од пријател или близок, а да добиете нешто што само дополнително ве збунило? Можеби е време да почнеме да ги обвинуваме ѕвездите, бидејќи луѓето едноставно не се родени за мудри совети. Луѓето кои даваат најлоши совети се родени во овие хороскопски знаци.
Близнаци
Ако некогаш побарате совет од Близнаци, подгответе се за вистинско вербално торнадо. Во една минута ќе ви кажат едно, а следната ќе го сменат мислењето. Нивната неодлучност и склоност кон противречности може да ве доведат до работ на вашите нерви. Нивниот „совет“ може да биде толку збунувачки што ќе се запрашате зошто воопшто сте ги прашале.
Риби
Рибите се познати по својата имагинација и чувствителност, но кога станува збор за давање совети, нивната склоност кон мечтаење може да биде вистинска катастрофа. Ако побарате од Риба конкретен и практичен совет, подгответе се за метафори, поетски споредби и совети кои звучат како да се излезени од бајка. Иако нивните намери се можеби добри, реалноста честопати е многу помалку романтична од нивните имагинативни решенија.
Стрелци
Искреноста е доблест, но кога ќе побарате совет од Стрелец, подгответе се за брутална искреност која може да ве погоди како ладен туш. Тие нема да ја омаловажат или минимизираат ситуацијата; тие точно ќе ви кажат што мислат, без оглед на вашите чувства. Иако нивниот совет е често на место, начинот на кој го презентираат може да биде доста болен. Можеби е подобро да ги прескокнете нивните совети ако не сте подготвени за суровата вистина.
Фото: pexels