Од одгледувалиште во Норвешка избегале 27 илјади лососи, се нуди награда за нивно фаќање

Компанијата за морска храна Movi, најголемиот светски производител на лосос, денеска соопшти дека четвртина од нејзината популација од 105.000 лососи побегнала од одгледувалиштето во Тромсо, северозападна Норвешка, и понудила награда од околу 45 долари за секој уловен лосос.
Фото: Thumbhero, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Како што се наведува, од кафезите избегале околу 27.000 лососи, пренесува Гардијан.

Норвешката Дирекција за рибарство потврди дека бегството на лосос од одгледувалиштето во Тромсо во неделата го пријавила компанијата Movi, наведувајќи дека е откриено оштетување на мрежата во објектот на фармата Storvik V во Тромсо по бурното време.

Според Ројтерс, просечната тежина на избегана риба е околу 5,5 килограми.

Активистите исто така се огласија и предупредија дека оваа ситуација е „катастрофална за популацијата на дивиот лосос“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни