Од ноќеска бензините со нови цени

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за нова корекција на цените на нафтените деривати, со што од 20 јуни 2025 година малопродажните цени ќе се зголемат во просек за 2,06 отсто во однос на последната одлука донесена на 16 јуни.

Најголемото зголемување го бележат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, чии цени се зголемуваат за 2,5 денари по литар. Новата цена за дизел горивото (ЕУРОДИЗЕЛ БС) и екстра лесното масло (ЕЛ-1) изнесува 70 денари по литар.

Во исто време, малопродажната цена на мазутот се зголемува за 1,149 денари по килограм и сега изнесува 40,928 ден/кг.

Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети – 76 денари и 78 денари по литар, соодветно.

Зголемувањето е резултат на порастот на референтните цени на светските берзи, кои кај дизелот изнесуваат +8,11%, а кај екстра лесното масло +7,55%. Кај бензините има умерено зголемување од 3,3%, но не доволно за промена на цената. Исто така, влијание има и намалувањето на вредноста на денарот во однос на доларот за 0,80%.

Овие цени стапуваат на сила од ноќеска, од 00:01 часот на 20 јуни 2025 година. Како и досега, трговците можат да ги формираат цените пониски од максимално утврдените.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни