Од наредната недела Европската комисија со нов тим

Европскиот парламент в среда, на 27 ноември, ќе гласа за целиот состав на новата Европска комисија, по дебатата со претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен за новиот тим на комесари и за програмата на новата Комисија.

Како што соопшти денеска вршителката на должноста портпаролка на ЕП, Делфин Колард, на Конференцијата на претседателите на комисиите на ЕП, која ја сочинуваат претседателите на сите постојани и специјални комисии во ЕП, ќе се разгледаат писмата за оценување на кандидатите за комесари на 26 ноември, како дел од нивниот процес на сослушување.

Потоа, како што објасни Колард на нејзината сметка на социјалната мрежа Х, Конференцијата на претседателите на ЕП, составена од претседателката на ЕП Роберта Мецола и лидерите на политичките групи во ЕП, ќе се состане на 27 ноември во 8. часот со цел да се разменат мислења и да се донесе одлука за завршниот процес на расправа, по што ќе бидат објавени писма за оценување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни