Според официјалното соопштение, инцидентот бил откриен вчера наутро, а се претпоставува дека кражбата се случила во неделата навечер. Поради истрагата, музејот бил привремено затворен.
Претставник на сириската Генерална дирекција за антиквитети и музеи изјави дека се украдени шест мермерни статуи, додека полицијата во Дамаск потврди дека исчезнале и неколку ретки предмети со висока културна вредност.
Шефот на полицијата, Осама Аткех, изјави за државната новинска агенција САНА дека обезбедувањето и персоналот на музејот се повикани на распит.
Националниот музеј во Дамаск беше повторно отворен на 8 јануари годинава, еден месец по падот на режимот на Башар ал Асад, со што беше ставен крај на 14-годишната граѓанска војна во Сирија.
За време на конфликтот, милитантите на Исламската држава (ИСИС) уништија голем дел од културното наследство на земјата, меѓу кои и древните објекти во Палмира – локалитет под заштита на УНЕСКО, познат по своите колонади и руини стари околу две илјади години.
Извор: N1info.rs
