„Од #MOБ за Скопје“ – во сабота гала концерт на Плоштадот Мајка Тереза

Овој уникатен концерт е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор

Националната опера и балет оваа сабота (петт јули) ќе оджи гала концерт „Од #MOБ за Скопје”, со почеток во 21 часот, на Плоштадот Мајка Тереза (на платото пред МОБ).

Концертот ќе се одржи во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.

Овој уникатен концерт е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на каналот на МРТ1.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни