Од менаџер на ресторан до градоначалник на Истанбул: Кој е Екрем Имамоглу – надежта на опозицијата во Турција

До денес победата на Имамоглу важи како доказ дека турската демократија уште е малку жива и дека на избори може да се победи наизглед непобедливата АКП.

Екрем Имамоглу, градоначалникот на Истанбул, е најголемиот ривал на претседателот Ердоган. Деновиве тој а е на удар на правосудството – критичарите тврдат дека ова е политички мотивирано. Кој е Екрем Имамоглу?

Изгледа опуштено и модерно: Екрем Имамоглу знае како да разговара со луѓето. И се труди да разговара со сите, да не исклучи никого и да не навреди. Ова може да се разбере и како реакција на стилот на владеење на претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Во турската политика е сосема вообичаена пракса поделата на „нас“ и „нив“, со бројни навреди.


Имамоглу е уапсен под обвиненија за корупција и сомнеж за тероризам. Судот веќе ги отфрли обвиненијата за тероризам. Неговиот апсење предизвика најголеми протести на опозицијата во Турција од протестите во Гези 2013 година. Поради силното полициско присуство, илјадници луѓе излегоа на улиците низ целата земја.

epaselect epa11986057 A protester attached a flower on the shield of a policeman during a march to Taksim Square from the Istanbul Municipality headquarters during a protest against the detention of Istanbul Mayor Ekrem Imamoglu in Istanbul, Turkey, 24 March 2025. Istanbul Mayor Ekrem Imamoglu of the Republican People’s Party (CHP) was jailed and dismissed by the Turkish Ministry of Interior on 23 March on corruption charges following his detention on March 19 along with 100 others. EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Голем број Турци не чуле за Имамоглу до 2019 година. Тој беше началник на истанбулскиот округ Бејликдузу кога Републиканската народна партија (ЦХП) изненадувачки го истакна како кандидат за место градоначалник на метрополата.

Во почетокот имаше остри критики бидејќи многу приврзаници на опозицијата сметале дека нема шанси против кандидатот на владеачката АКП, која до тој момент ја водеше Истанбул.

Но Имамоглу победи на градските избори и ја врати метрополата на кемалистите, која 25 години ја водеа конзервативните исламисти.

Имамоглу всушност победи – двапати. Прво во март 2019 година со 13.000 гласа предност, но тие избори беа поништени. Тоа ги разлути избирачите, па на повторените избори му доделија убедлива победа со разлика од 800.000 гласа.

До денес победата на Имамоглу важи како доказ дека турската демократија уште е малку жива и дека на избори може да се победи наизглед непобедливата АКП.

Обвинувањата за купување гласови, манипулација со резултатите и политички притисок врз процесот и тогаш ги следеа изборите. Но, Имамоглу не се предаде. Неговата самоувереност и упорност допринесоа за неговата популарност. Додека се бореше за признание на изборната победа, еден дечко му викна: „Сѐ ќе биде многу убаво!“

Од оваа надежна реченица тој направи слоган и целата опозиција го усвои. Кога излезе на сцената за да одржи говор по поништени избори, рече: „Имаме наша младост!“

Но имаше и критики кон Имамоглу. Кога делови од Истанбул беа погодени од катастрофални поплави во 2019 година, политичарот не одлучи да го прекине своето летување. Кога земјотресот го погоди источниот турски град Елазиг во 2020, најпрво го посети, како и многу други политичари, но потоа замина на скијање.

„Нормално е татко да помине два дена на одмор со децата“, се бранеше тој тогаш.

Имамоглу не сака само да биде забележан во својата земја, туку и на меѓународен план. Неговиот тим води профил на англиски јазик на Твитер и Инстаграм. Понекогаш таму се појавуваат фотографии од посети на странски претставници.

На хартија тој го претставува само Истанбул, но фотографиите на кои е со турското знаме оставуваат впечаток дека претставува Турција. За многу Турци, тие фотографии влеваат надеж: еден ден тој може да ги сподели таквите фотографии од Анкара.

Роден во 1970 година, Екрем Имамоглу студирал на Кипар и во Истанбул, каде што стекнал диплома по бизнис администрација. Пред да влезе во политиката, управувал со истанбулски ресторан специјализиран за ќофтиња.

Тој исто така водел семејна градежна фирма. Од 2002 до 2003 година бил член на управата на Трабзонспор, фудбалски клуб од градот близу кој што е роден.

Ако се погледне минатото на претседателот Ердоган и Имамоглу, може да се најдат многу сличности меѓу нив двајца: и двата младински играле фудбал успешно. И двата потекнуваат од црноморскиот регион. Во традиционално конзервативниот Трабзон, каде што е пораснат Имамоглу, и тој посетувал таканаречен курс за Куранот, каде што стекнал верско образование.

Ердоган бил катапултиран на големата сцена исто така од позицијата градоначалник на Истанбул (1994-1998). Ердоган во 1997 година собрал бројни симпатии поради тоа што му било забрането да се бави со политика затоа што – цитирал една верска песна. Пртијата која ја основал четири години по политичката забрана, победила на изборите една година подоцна. Брзо потоа, Ердоган ја укинал забраната за себе и можел да продолжи на патот кон премиерската функција.

По првите поништени избори во Истанбул 2019, Имамоглу рекол: „Нашиот пат е долг.“ Се верува дека овој човек ќе игра значајна улога во турската политика во наредните години без оглед на тоа како ќе завршат судските процеси.

Можеби на крајот, како што рекол оној дечко, сѐ ќе биде убаво за Имамоглу. Но, изгледа дека до тогаш патот ќе биде трновит.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни