Од март скопјани ќе може да изјамуваат електрични автомобили преку апликација

Од пролетва скопјани ќе може да изнајмуваат електрични автомобили преку мобилна апликација, а сопствениците на платформата најавуваат дека изнајмувањето ќе чини помалку од користење на такси-услуга.
Фото: Avant2Go

Услугата за споделување електрични автомобили ќе започне од март, откако денеска беше потпишано писмо за намери за поддршка на проектот на словенечката приватна компанија „Авант кар“.

За користење на услугата ќе биде потребно инсталирање мобилна апликација преку која ќе се наоѓа достапно возило. За изнајмување на електрично возило ќе се плаќа по минута и изминат километар, а плаќањето ќе биде дигитализирано или преку платежна картичка.

Како што најавија од компанијата, изнајмувањето на автмобил ќе биде поевтино од користење такси и во просек ќе чини помеѓу три до шест евра, додека пак за возење од центарот на градот до аеродром, корисниците ќе треба да платат од 10 до 15 евра.

Во Скопје се очекува да има околу сто електрични возила, а тест период ќе биде воспоставен во  февруари во Гази Баба, Аеродром и Чаир, каде што ќе биде поставена инфраструктура за полнење на електричните возила, а полначите ќе се напојуваат исклучиво со електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија.

Компанијата „Авант кар“ е присутна на пазарот повеќе од 21 години и работи во Словенија, Хрватска и Австрија. Пред 12 години почна со електрична мобилност и во моментов има повеќе од 10 илјади електрични возила. Со споделување возила е почнато во 2016 година во Љубљана каде што сега тоа е дел од јавниот транспорт и го користат сите слоеви на заедницата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни